Европската фудбалска федерација (УЕФА) обезбеди 240 милиони евра компензации за клубовите, кои во своите редови имаат репрезентативни играчи, за периодот од 2020 до 2024 година.
Средствата се обезбедени преку програмата за бенефиции, која се темели на приходите остварени од организација на континенталното првенство.
Парите се наменети за клубовите кои ќе партиципираат со свои фудбалери во Лигата на нации во сезоната 2022/23 и во квалификациите за ЕУРО2024, чиј домаќин ќе биде Германија.
По ланското Европско првенство, на сметките на 697 различни клубови беа префрлени 200 милиони евра.
OhridNews