Европската фудбалска асоцијација донесе одлука за инцидентот во кој учествуваше австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, што се случи на мечот со македонската репрезентација на ЕВРО 2020.
Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи да го суспендира Арнаутовиќ на еден натпревар за навреда на играч на македонската репрезентација.
На 13 јуни, Австрија ја победи македонската репрезентација со 3:1. Напаѓачот влезе како замена во текот на второто полувреме и успеа да погоди во 89-та минута, поставувајќи го конечниот резултат. Арнаутовиќ го прослави погодокот постигнат многу емотивно извикувајќи навредливи зборови кон Езѓан Алиоски и другите македонски фудбалери.
OhridNews