Рускиот град Санкт Петерсбург ќе биде еден од 12-те градови домаќини на Европското првенство во фудбал, откако Европската фудбалска организација (УЕФА) му ја одзеде улогата на домаќин на Даблин, Република Ирска.
Градот, земјата и надлежните не испратиле гаранција за присуство на публика на стадионот до УЕФА, која беше неопходна за последниот филтер пред официјализирањето на домаќините. Санкт Петерсбург во соработката со надлежните веднаш испрати гаранција до УЕФА и ја доби улогата домаќин. Во рускиот град ќе се игра една група, а планираниот четвртфинален натпревар ќе се игра во Минхен.
Даблин е втор град кој остана без организација на ЕП. Претходно, УЕФА го „пречкрта“ Билбао, кој исто така не достави гаранција. Улогата за домаќин ја доби Севиља.
OhridNews