Извршниот одбор на УЕФА донесе денеска нови правила за финансискиот „ферплеј“ за клубовите.

Според новиот правилник, кој ќе стапи на сила во јуни, но ќе биде имплементиран во текот на следните три години за на клубовите да им се даде време за адаптација, максималниот можен износ што екипите ќе можат да го потрошат за плати на играчите и трансфери ќе биде 70 отсто од вкупните приходи.

Финансискиот правилник на УЕФА, кој е на сила од 2010 година, ја исполни својата примарна цел и го револуционираше начинот на работење на клубовите. Но, еволуцијата на фудбалската индустрија, заедно со неизбежните последици од пандемијата, покажа дека е потребна реформа и нови правила поврзани со финансиската одржливост, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

OhridNews