После одигрување на првата рунда во групната фаза во Лигата на Шампиони, Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) се фати за работа и ги одреди градовите домаќини на финалните натпревари следни три сезони.
Финалето следната сезона ќе се одигра во рускиот град Санкт Петерзбург. За русите ова ќе биде второ домаќинство на најквалитетните клубови од Европа. Москва во 2008 година ги нагости Манчестер Јунајтед и Челси во финалето кое заврши во корист на „црвените ѓаволи“ после изведувањето на пеналите.
Сезоната 2021/22 град домаќин на ЛШ ќе биде Алијанц стадионот во Минхен. Престолнината на Баерн Минхен три пати има бидено центар на европската фудбалска јавност. Последен пат тоа беше 2012 година кога Челси на пенали го совлада токму Баерн Минхен за прва титула во ЛШ.
Третиот домаќин со кој и ќе се заврши циклусот е легендарниот англиски стадионот Вембли. Организацијта на финалниот натпревар на домашниот терен од англиската фудбалска репрезентација ќе биде роденденска честитка по повод 100 годишнината од градењето. Вембли осум пати бил домаќин на финалиња од ЛШ:
Годинава финалето во ЛШ се игра во Истанбул а во Лигата на Европа се игра во Севиља. Следната сезона домаќин на најдобрите клубови во ЛЕ ќе биде стадионот Драгао во Порто.
OhridNews