Европската фудбалска организација (УЕФА), на својот интернет сајт го објави списокот со номинирани фудбалери во анкетата за избор на најдобрите 11-мина во 2020 година.

Гласањето за изборот на тимот на годината ќе трае до 6 јануари следната година преку официјалниот сајт на Европската куќа на фудбалот, тука.

УЕФА номинираше вкупно 50 фудбалери, од кои најмногу – десет, се од европскиот првак Баерн Минхен.

По осум играчи во потесниот избор имаат англискиот шампион Ливерпул и францускиот првак ПСЖ.

На репрезентативен план, најмногу номинации – шест има Германија.

За прв пат од оваа година УЕФА ќе прогласи и тим на годината во женска конкуренција, а номинирани се 50 фудбалерки.

OhridNews