Европската фудбалска асоцијација, денес ги објави имињата на конкурентите за наградите во Лигата на шампионите за сезоната 2020/21. Секоја позиција има по три кандидати за признанието. Ќе се избираат најдобар голман, дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач.
Во најтесниот избор на УЕФА се најдоа:
Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Едуард Менди (Челзи), Едерсон (Манчестер сити).
Одбрана: Цезар Аспиликуета (Челзи), Рубен Диас (Манчестер сити), Антонио Рудигер (Челзи).
Средниот ред: Кевин де Брујн (Манчестер сити), Жоржињо (Челзи), Нголо Канте (Челзи).
Напаѓачи: Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Килијан Мбапе (ПСЖ), Ерлинг Холанд (Борусија Дортмунд).
OhridNews