Највисоките претставници во Европската куќа на фудбалот (УЕФА), донесоа очекувани одлуки на видео конференцијата која ја имаа денеска по повод новонастанатата ситуација со коронавирусот. Пандемијата со коронавирусот ги стопираше сите фудбалски активности и под знак прашалник ги доведе клупските и репрезентативните натпреварувања под капата на УЕФА.

Европското првенство кое требаше да се одигра годинава ќе се одигра следната 2021 година. ЕП ќе започне на 11 јуни и ќе трае до 11 јули. Одложени се и бараж натпревари во кои учествуваа македонската фудбалска репрезентација. За средбите од баражите дополнително ќе се одредат термини.

Ако состојбата со коронавирусот се стабилизира во европски рамките, сезоната би продолжила на 3 мај и ќе заврши на 28 јуни. Сите шампионати треба да почнат и завршат во исто време.

Во случај, пандемијата да земе уште поголем замав и да нема услови за фудбал и спортски активности првенствата да се поништат и другата сезона да се започне од почеток. Сепак, УЕФА не може да се меша во националните шампионати бидејќи секаде не се истите правила во случај на прекин на првенството.

Дополнително, УЕФА треба да ги одреди термините за доигрување на сезоната во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа. Со оглед на згуснаиот распоред, екипите кои се борат на повеќе фронта би немале повеќе од два-три денови слободни помеѓу два натпревари.

OhridNews