Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони, која беше извлечена денеска точно напладне во Нион, ќе биде повторена поради софтверска грешка, соопшти попладнево УЕФА.
Поради технички проблем со софтверот се случи грешка при жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони, наведе УЕФА
Според првата ждрепка, актуелниот шампион Челзи требаше да ја продолжи одбраната на титулата против Лил, додека во втората француско – англиска пресметка изборот „падна“ ПСЖ и Манчестер јунајтед да си ги одмерат силите.
Реал Мадрид за противник ја доби Бенфика, додека Баерн Минхен – Атлетико Мадрид. Според првата ждрепка, во осминафиналето во Лигата на шампиони требаше да играат и Виљареал – Манчестер сити, Атлетико Мадрид – Баерн Минхен, Салцбург – Ливерпул, Интер – Ајакс, Спортинг – Јувентус.
OhridNews