Европскта фудбалска унија (УЕФА) ќе донесе одлука за откажување на Лигата на Нации. Второто издание на последниот проект на УЕФА според календарот на програмата треба да биде од 5 септември до 16 ноември.

Англискиот „Дејли Мирор“ тврди дека одлуката за откажување на натпреварите во Лигата на Нации УЕФА ќе ја однесе на состанок кој ќе се одржи в понеделник.

Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа во Ц-сегментот во Лигата на Нации. За противници во Групата 2 ждрепката ѝ ги додели Естонија, Грузија и Белорусија.

Според распоредот Македонија во септември треба да игра дома со Ерменија (5 септенври) и да гостува во Грузија (8 септември). Во октомври Македонија треба да гостува во Талин на 8 октомври кај Естонија, а три дена подоцна во Скопје ќе игра против Грузија. Циклусот Македонија ќе го затвори со дуелите против Естонија на домашен терен на 13 ноември и Ерменија во Ереван на 16 ноември.

OhridNews