Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги продаде телевизиските права за натпреварите во Лигата на шампиони за северноамериканскиот пазар за сума од 1,5 милијарди евра, потврди мрежата Си-Би-Ес, чиј сопственик е компанијата Парамаунт.
УЕФА склучи договор до Парамаунт, кој ги откупи правата за елитното европско клупско натпреварување за следните шест години.
Претходниот договор меѓу УЕФА и Парамаунт истекуваше во 2024 година, а цената на претходниот аранжман за северноамериканскиот пазар изнесуваше 100 милиони евра по сезона.
Зголемувањето, според кое телевизиските права ќе изнесуваат 250 милиони евра по сезона, директно е поврзано со зголемениот број учесници во ЛШ од сезоната 2025 година.
OhridNews