Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) очекува до јуни да донесе одлука за учеството на Барселона во сезоната 2023/24 во Лигата на шампионите, објави „Марка“.

Според шпанскиот весник, УЕФА сака истражителите на етичкиот комитет Жан-Самуел Леуба и Мирјан Колер да спроведат брза истрага за случајот за корупција против каталонскиот клуб. Организацијата не сака да го одолговлекува процесот бидејќи Барселона би можела прво да оди до Апелациониот суд на УЕФА, а потоа и до Судот за спортска арбитража (CAS) за да го одложи процесот и да учествува во следната Лига на шампиони.

Претходно УЕФА најави отворање истрага поради корупциски скандал со исплатите на Барселона на потпретседателот на судискиот комитет, Хозе Марија Енрикез Негреира.

На 15 февруари беше објавено дека Барселона платила 1,4 милиони евра на ДАСНИЛ 95, сопственост на Негреира, кој во тоа време беше потпретседател на техничкиот комитет на судии на Шпанска фудбалска федерација.

OhridNews