Тренерот на шпански клуб, Реал Мадрид Жозе Мурињо е суспендиран на два натпревари во Лигата на шампиони. Вториот натпревар е условен и важи за наредните три години до колку португалецот направи таков прекршок.  Тој исто така беше казнет со 40.000 €.


Дудек беше курирот на Мурињо

Играчите Чаби Алонсо и Серхио Рамос беа казнети 20.000 €, Икер Касиљас беше казнет со 10.000 € и Јиржи Дудек беше казнет со 5.000 €. Црвените картони покажани на Алонсо и Рамос остануваат, и ќе бидат суспендирани на еден меч во ЛШ.

Дисциплинскиот орган го казни Реал Мадрид со казна од € 120.000.

Реал Мадрид беше на тапет кај УЕФА, откако фудбалери Алонсо и Рамос намерно по инструкциите на тренерот Мурињо заработија црвени картони.

Ohridnews