Уште три натпревари останаа до крајот на Европското првенство. Полу-финалните натпревари Италија-Шпанија и Данска-Англија, односно големото финале ќе се одиграат на Вембли во Лондон.

Во пресрет на завршницата, УЕФА ја претстави топката со која ќе се играат овие натпревари.

Долгогодишниот партнер на УЕФА, компанијата Адидас, повторно ја воодушеви јавноста со дизајнот на топката.

Инаку, утре од 21 часот, првото полу-финале ќе го одиграат Италија и Шпанија, ден подоцна, во истиот термин, ќе се сретнат Данска и Англија. Финалето е закажано за 11.јули.

OhridNews