Европската куќа на фудбалот (УЕФА) покрена дисциплинската постапка против Фудбалската федерација на Црна Гора поради расистичко навивање во текот на мечот со Англија во квалификациите за Европското првенство.
Случајот во УЕФА го пријави Англиската федерација која наведе дека црномурстите фудбалери биле дискриминирани поради бојата на кожата. На удар се најдоа Рахим Стерлинг и Калум Хадсон Одои. После натпреварот во изјава за медиумите селекторот на англичаните, Герет Саутгејт реагираше, а федерацијата го пријави случајот.
УЕФА на ФФЦГ ќе ја гони за расизам, употреба на пиротехнички средства, фрлање на тврди предмети и нереди на трибините. Одлуката околу санкциите УЕФА ќе ја донесе на 16 мај, за кога е закажана средбата на дисциплинската комисија.
OhridNews