Американката Сара Еспиноза од Албани со автомобил удрила во противпожарна станица, а контрола над возилото изгубила кога околу вратот и се намотал питон кој од украла од продавница за домашни миленици. Шефот на пожарникарите Стивен Волдрон рекол дека тоа е најчудната несреќа која ја видел.

Жената кога била под дејство на дрога и алкохол со автомобилот влетала низ главниот влез на станицата, а пожарникарите на крајот морале да ја спасуваат од смртоносната прегратка на питонот кој своите жртви ги убива со давење. Сепак, питонот ја преживеал несреќата и неповреден бил вратен во продавницата, додека против Сара Еспиноза ќе биде подигнато обвинение за кражба, возење под дејство на дрога и поседување марихуана.