Една жена од Калифорнија ошамарила полицаец во Сакраменто како би отишла во затвор, а зад сето тоа се криел план зад решетките да го остави пушењето. Жената по име Ета Ме Лопез во затвор ќе мине 63 дена, а во казната е пресметани и трите дена кои ги минала во притвор, пренеле медиумите.
Заменик шерифот Мет Кемпој изјавил дека жената го удрила, а потоа му рекла дека тоа го сторила за да го привлече неговото внимание и да оди во затвор, бидејќи таму пушењето било забрането. Таа цело време чекала пред затворската зграда како би видела кога ќе излезе лице во униформа, како би била сигурна дека ќе удри полицаец.