Колумбијката Александра Еспиноза-Амаја во вторникот пред полициската станица во Орландо стоела четири часа со натпис “Удрив полициски службеник. Тоа е погрешно. Многу се извинувам“. Натписот го направила сама и го украсила со цветови.
Тоа е дел од казната која студентката мора да ја одработи поради тоа што удрила полицаец. На спогодбата се согласила во вторникот наутро и ќе мора да отслужи две години условна казна, да напише извинување, да одработи 50 часа корисна работа и да посетува курс за контрола на бесот.