Една храбра девојка го спасила своето куче од нападот на црна мечка на Аљаска, и тоа на тој начин што дивото животно го удрила со дланката во муцката. Кучето Фаџ преживеало благодарение на својата сопственичка Брук Колинс. Имено, мечката дошла во нивниот град Џуно и го нападнала миленикот на Брук. Го стиснала со шепите и го гризнала за вратот.


Брук раскажала дека видела како мечките јадат лосос, но кога видела како една го зграпчила нејзиното куче, се запрепастила. Вриштела, а вриштело и кучето. Дотрчала до него и едноставно ја удрила мечката по лицето, а таа го пуштила кучето. Жителите на нејзиниот роден град се навикнати на мечките и знаат како да се однесуваат во нивна близина. Рекла дека во иднина нејзиното куче нема да го чува во дворот, туку внатре во својот дом.