По преземени оперативни мерки,  Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид, го пронајде  лицето кое на ден 17.11.2009 година кај Горно Лакочереј, предизвика сообраќајна незгода удирајки во пешак по што го напушти местото на настанот и повредениот.

Во текот на вчерашниот ден, во полициска станица повикан е Ѓ.Д. (18) од Охрид. Истиот, на ден 17.11.2009 година во 18 часот и 10 минути управувајки патничко моторно возило марка „Опел Астра“ на локалниот пат од селото Горно Лакочереј кон Охрид, со предниот дел од возилото удрил во пешакот Н.А. (88) од селото Горно Лакочереј по што го напуштил лице местото и повредениот пешак. Тој итно е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде, поради  констатирани  тешки телесни повреди, е задржан на лекување.

На местото на сообраќајната незгода, криминалистичко-технички увид извршија истражен  судија од Основниот суд во Охрид и екипи на СВР Охрид. 

Против Ѓ.Д. ке биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Ohridnews