Македонската џудистка Арбреша Реџепи издржа само една минута во своето деби на Олимписките игри. Таа утринава во категоријата до 52 килограми загуби (11:0) од Челси Џил од Велика Британија со ипон во првата рунда.

Од осумте македонски натпреварувачи на Олимпијадата во Токио, своите настапи покрај Реџепи ги завршија уште и Борјан Бранковски кој вчера беше 21-ви во квалификациите во стрелаштво – воздушен пиштол 10 метри, како и пливачот Филип Деркоски кој заврши на последното место во квалификациите на 400 метри слободно.

Следен Македонец кој ќе се појави на борилиштата во Токио е Георгиевски Дејан, (таеквондо) во категоријата +80 кгр. Неговиот настап е предвиден за 27 јули. 

OhridNews