Ударната игла во нападот од македонската фудбалска селекција, Илија Несторовски кариерата ќе ја продолжи во тимот на Удинезе, кој се натпреварува во италијанската Серија А.
На „црно белите“, Несторовски ќе му се приклучи како слободен фудбалер откако Палермо го загуби спорот со италијанскиот спортски суд и нема да биде дел од Втората лига во Италија.
- Желбата да го видиме Несторовски во нашиот тим е огромна. Во најскоро време ќе соопштиме конкретни детали. – изјавил генералниот менаџер на Удинезе.
Несторовски има искуство во Серија А играјќи за Палермо, а сигурно трансферот во Удинезе добро ќе му дојде за кревање на формата и за настапите во националната селекција.
OhridNews