Фудбалерите на Аталанта се пробија до големата четворка на табелата во Серија А и се наоѓаат на пол позиција во трката за последното место кое води во Лигата на шампиони. Аталанта потешко од очекувањата славеше над Удинезе 2-0 со голови постигнати во завршните десет минути.

Гостите од Удине на нападите од домаќините одолевеа повеќе од 80 минути. Аталанта начин да го скрши составот на Удинезе најде со удар од белата точка во 82-та минута. Сигурен егзекутор беше Мартен де Рон. Три минути подоцна, Аталанта го зголеми водството и стигна до конечна победа. Стрелец на голот  беше Марио Пашалиќ.

До крајот на Серија А остануваат уште четири натпревари, а Аталанта за ривали во трката за четвртото место ги има Рома, Торино, Лацио и Милан.

OhridNews