Нови позитивни вести доаѓаат од Серија А за македонскиот фудбал. После Елиф Елмас кој се пресели во Наполи од Фенербахче во италијанската елита се врати Илија Несторовски. Голгетерот го засили тимот на Удинезе.

Со кам бекот на Несторовски во најквалитетната лига во Италија вкупниот број на македонски фудбалери се зголеми на три. Староседелец и со најдолг стаж од странските фудбалери е нашиот Горан Пандев.

Македонскиот репрезентативец со „бјанконерите“ потпиша тригодишен договор, а има голема веројатност првите минути во дресот на Удинезе да ги одигра на тест средбата со Борусија Дортмунд.

Шлаг на тортата во преодниот рок ќе биде трансферот на Александар Трајкоски во Милан. Италијанските медиуми шпекулираа минатата недела со неговото име, но се уште нема ништо официјално или пак конкретно.

OhridNews