Една учителка во училиште за предшколска возраст во Шведска е пријавена во полиција поради тоа што на шестгодишно момче му ја залепила устата со селотејп бидејќи не престанал да зборува на часот.


Момчето било бучно, а бидејќи не обрнало внимание на наредбата да замолчи учителката го изнела од училницата. Таа го одвела во кујната и го прашала дали знае дека направил нешто многу лошо кога не ја послушал и продолжил да зборува. Момчето и рекло да замолчи по  што учителката му ја залепила устата со селотејп.

Полицијата го води случајот како напад, кој би можел да прерасне во тежок напад бидејќи се работи за дете кое не може да се спротистави. Иако тврди дека е било само шега учителката може да заврши во затвор.