Една учителка во Британија добила отказ бидејќи на децата од 7 и 8 години им рекла дека Дедо Мраз не постои.
Ангела Макормик, директорка на основно училиште во Манчестер, им се извинала на родителите и децата поради „непријатноста“ која ја предизвикала учителката.
„Мојот син дојде дома и рече дека учителката, која ја заменувала нивната учителка, пред цел клас рекла дека подароците под елката ги ставаат мајките и татковците“ – раскажал еден родител.
„Им откри се. Беше потиштен. Тој има само 7 години и тоа беше дел од магијата која за него ја има Божиќ“ – додал родителот.
На учителката тоа и бил прв работен ден во училиштето.