Прва и основна лекција во центарот за морална едукација на жените во Пекинг е како да се омажат за милионер. Целта на 30-часовниот курс кој чинел 3000 долари е оние кои ги посетуваат да научат како да пронајдат богат сопруг. За време на наставата жените учат како да се шминкаат и како по изразот на лицето и однесувањето да препознаат вистински милионер.


Училиштето исто така нуди и часови за припремање различни водови чаеви. Да се омажат богато станала главна цел на голем број кинески девојки, пишуваат кинеските медиуми. Од отворањето во август минатата година курсот го завршиле 2800 жени, воглавно од средната класа. Според агенцијата Ројтерс, во Кина денес им 189 милијардери и близу еден милион милионери. Успехот на курсот го потврдува и фактот што училиштето го контактирале неколку богати ергени во потрага за сродна душа.