Приватно машко училиште во Мелбурн се одлучило за радикален потег. Суспендирале цела генерација поради недолично и дрско однесување. Казната се однесува на сите 250 ученици во независното, приватно училиште “Xavier”, а суспензијата ќе трае три дена.
Имено, тројца од учениците трчале низ училиштето облечени само во танга гаќички. Нив ги направиле од училишните кравати. Активирајќи огномет на железничката станица, ги поминале сите граници и така училиштето се одлучило да суспендира цела генерација на три дена за да се “оладат“.