Гимназијата во Форт Ворт, Тексас, на еден свој ученик му подарила нов автомобил како награда за добрите оценки и редовното присуство. Ученичката Кензи Дентон која има 14 години освоила автомобил Шевролет Камаро на извлекувањето кое го организирало училиштето за учениците со најдобри оценки и најмалку неоправдани изостаноци.
Кензи, која сеуште законски не смее да вози, изјавила дека плачела од среќа кога ја добила наградата. Изјавила дека ќе им го даде на родителите да го возат се додека не биде доволно возрасна тоа да го прави самата. Управата на училиштето објаснила дека наградната игра е организирана со цел да се поттикнат децата редовно да ја посетуваат наставата и повеќе да учат.