Албанија поради ниските температури и ширењето на грипот го одлага отворањето на училиштата по новогодишните празници. Според прогнозата, температурата кон крајот на седмицата ќе падне на минус 15 степени Целзиусови, а снег ќе има низ цела Албанија.
Министерството за здравје на Албанија, денес предупреди дека се ствараат поволни услови за понатамошно ширење на вирусот на грип, и наложи оваа недела училиштата да останат затворени, како и градинките, кои требаше со работа да почнат од среда.
OhridNews
извор Макфакс