Проектот се спроведува во 8 основни и 1 средно училиште на територијата на општините Охрид и Дебарца, а има за цел да го подигне нивото на знаења кај вработените во образовните институции и учениците, за делување и заштита во случај на катастрофа, соодветно на елаборатите за заштита и спасување и плановите за евакуација.
Покрај поединечни тренинг вежби во секое училиште опфатено со проектот, предвидено е во вторник да се одржи една централна показна, тренинг вежба за евакуација во случај на катастрофа во едно од училиштата, на која ќе учествуваат институции надлежни за делување во такви ситуации (ЦУК, ДСЗ, СВР, Службата за итна медицинска помоШ, Противпожарната бригада, Локалните самоуправи на Охрид и Дебарца, Црвен крст Охрид).