Сите училишта на подрачјето на Општина Охрид и објектите на градинката се подготвени за грејната сезона и од општинскиот буџет се обезбедени потребните средства за огрев, информираат од Општина Охрид.

Посочуваат дека со сите инвестициите во делот на енергетската ефикасност на објектите се очекуваат поголеми заштеди во делот на потрошувачката на електрична енергија и огрев.

Минатата година Општина Охрид за првпат изработи енергетски сертификати за објектите на образовните институции, детската градинка и општинската зграда кои се во нејзина надлежност. Овa е многу значаен процес при што од добиените извештаи за енергетска контрола детално се наведени сите карактеристики на зградите на овие институции, нивните недостатоци и предности, што е она што треба да се направи за да се подобри нивната енергетска состојба и конечно секој објект е класифициран согласносно неговите енергетски карактеристики, односно има добиено т.н. „енергетски пасош“, потенцираат од Општина Охрид.

Паралелно, додаваат, со овој процес се изработени и тригодишен Акционен план (2024-2026 година) заедно со Програма за енергетска ефикасност на општина Охрид.

Н.С.Ј.