Градот Охрид, кој е домаќин на „Гимназијадата“ на големо се подготвува за настанот кој треба да ја одбележи 2014-та година. На „Гимназијадата“ ќе продефилираат повеќе од 1000 ученици ширум Македонија, а тоа е голем проект, кој бара одговорност. Преку соопштение советникот во ФЗО и ССА, Марјан Бошалевски се обраќа до јавноста.
– Сојузот на Училишен спорт како важна алка од воспитно образовниот систем во Македонија има за цел преку повеќе активности во годишните програми на училиштата и преку повеке организирани спортски настани да ги стимулира и мотивира учениците за поголема физичка активност.
Сите сме свесни дека во ова врме на брз технолошки развој се помалку луѓе, а посебно деца се занимаваат со физичка активности со што се зголемува ризикот за неправилен раст и развој и појава на одредени деформитети. За таа цел Министерството за Образование и Наука, бирото за развој на образованието и Агенцијата за Спорт Млади подготвија стратегија која за цел има поголемо влијание врз децата во предшколска возраст, основци и средношколци за што поголема физичка активност на часовите но и во слободното време.
За таа цел низ Македонија се почна со изградба на спортски сали,повеќенаменски игралишта, тениски терени се со цел да се подобри инфраструктурата што е предуслов за поквалитено усовршување на спортските игри, а понатаму преку проектот на Факултетот за физичка култура за Континуирана едукација на професотите по Физичко и Здравствено Образование за што поголема имплементација во наставата и привлекување на учениците на спортските терени.
Понесени од оваа иницијатива и Охрид како град кој за жал во изминатиот период воопшто не учествуваше на вакви училишни спортски натпревари, јас како советник по ФЗО и ССА во Бирото за развој на образованието и тогашниот вд.директор Иван Цветкоски на JP ,,Билјанини извори” спроведовме иницијатива да стапиме во контакт со Сојузот на училишен спорт-Скопје за повторно фклучување на Охридските Училишта во системот на натпревари.
По успешната работна средба со претседателотна Сојузот на училишен спорт г-ин Александар Туфекџиевски, за повторно вклучување на Охридските основни и Средни училишта во системот на натпревари , аплициравме да бидиме и домаќини на најголемиот спортски настан од овој тип Гимназијадата беше во фаза на избор на град домаќин.
На наше огромно задоволство беше прифатена апликацијата со што добивме виза од Сојузот на училишен спорт оваа година Охрид да биде домакин на Гимазијадата која ке се оддржи од 8.05 до 10.05 2014 год.
Со оддржувањето на 9-тата по ред Гимназијада за средни училишта во градот Охрид,на едно место ќе ги собереме најуспешните средношколски екипи во ракомет,фудбал,кошарка,одбојка,атлетика и промотивни спортови,учествуваат вкупно 60 средношколски екипи или вкупно 1000 учесници од три региони во државата исток,запад и најголемата скопска зона.
Покрај основната цел за здрава спортска младина,мултиетничка толеранција,социјализација и дружење ова Гимназијада има за цел што поголема афирмација на градот Охрид како огромен ресурс кој за жал многу малку е искористен од аспект на Спортски туризам со што се надеваме дека ќе допринесеме за подобрување на ваквата слика.
Во разговор со градоначалникот и секретарот на Општина Охрид добивме огромна подршка за овој настан и поттик за други спортски настани со што Охрид повторно се наметнува на спортската карта каде што и објективно припаѓа.
Со особено задоволство сакам да ги поканам сите љубители на спортот да дојдат да ги проследат натпреварите во Фудбал кошарка ракомет ,одбојка, атлетика и да дадеме поттик за што поголема афирмација на училишниот спортот,а и спортот воопшто во градот Охрид .
Советник за ФЗО и ССА Марјан Бошалевски