Во склоп на спортскиот хепенинг „Охрид трчаТ“ ќе се одржат училишта и детска трка, кои се финансирани и поддржани од Европската Унија, а ќе бидат своевидна најава за големиот настан.

На 23 мај со почеток во 11 часот на Кејот Македонија ќе се одржи училишната трка на која ќе учествуваат учениците од деветто оддоление. Во истиот термин и на истото место, но на 2 јуни ќе се одржи детската трка.

За потсетување, „Охрид трчаТ“ годинава внесе новитет обезбедувајќи чување на дечињата, додека родителите трчаат на главниот настан кој ќе се одржи на 3 јуни.

OhridNews