Од 23 јуни до 4 јули во Охрид ќе се одржи Училишниот спортски камп 2014 кој го организира Министерството за образование, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на улиштен спорт.
Кампот ќе има две смени а ќе се опфатат речиси сите екипни спортови во машка и женска конкуренција. Презентери на кампот ќе бидат Пепи Манасков, Наумче Мојсоски, Зоран Бошковски, Марин Докузовски, Јошко Миленковски, Александра Војневска, Дејан Ангеловски.
Првата смена на спортското мени ќе ги има футсал, ракомет, борење, стрелаштво, џудо и шах. Втората смена ги има одбојка, кошарка, атлетика, пинг-понг и карате.
Освен што ќе спортуваат учесниците на Училишниот спортски камп ќе ги запознаат знаменитостите на градот Охрид и ќе имаат предавања на теми пороци во спортот.
Училишниот спортски камп за основни и средни училишта е само потврда за доброто организирање на „Гимназијадата“ која наликуваше на Олимпијада.
Мх.П.