Во пресрет на туристичката сезона, заради  целосна безбедност за сите учесници во сообраќајот, Секторот за внатрешни работи Охрид(СВР Охрид) преку Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај(ПС-БПС) денес започнува со преземање на засилени превентивно-репресивни мерки кон сите учесници во сообраќајот односно кон сите прекршители на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата(ЗБСП). Целта е елиминирање на негативните состојби и појави во сообраќајот, доследно спроведување на законската регулатива, постигнување на повисок степен на сообраќајна култура и дисциплина кај сите учесници во сообраќајот.

Врз основа на согледувањата и анализите на состојбите на сообра-ќајниците во Охрид и почитувањето на сообраќајните правила и прописи, сообраќајната полиција, констатира состојби на континуирано кршење на законските одредби  од страна на голем број учесници во сообраќајот. Полициските службеници, евидентирале честа  употреба на мобилен телефон во тек на управување со моторни возила, велосипеди,  велосипеди со мотор, моторцикли, нивно движење по еднонасочни улици и забранети зони но  и  управување без регистерски таблици и кациги. Регистрирани се управувања на патнички моторни возила(ПМВ) без вклучени светла и без употреба на сигурносни појаси. Прекршоци прават и пешаците кои не ги почитуваат светлосните и другите  сообраќајни знаци, го преминуваат коловозот по слободен избор односно  на несоодветни и необележани места и  непотребно се задржу ваат на делови од коловозот.

Оваа акција ке трае до 31 авгус оваа година кога ке бидат направени повторни анализи и план за понатамошни мерки. Инаку, според извршената анализа на охридската  Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај , во првите 4 месеци од минатата година се случиле вкупно 125 сообраќајни незгоди во кои 8 лица го загубиле животот а 18 се здобиле со тешки телесни повреди. Во истиот период оваа година, случени се значително помалку односно 96 сообраќајни незгоди во кои 3 лица го загубиле животот а 14 лица се здобиле со тешки телесни повреди. Во текот на летниот период поточно во месеците Јуни,Јули и Август 2007 година, во Охрид се случиле вкупно 231 сообраќајна незгода во кои 9 лица го загубиле животот а со тешки телесни повреди се здобило 31 лице.

ohridnews