Учесниците на првиот ракометен камп на Кирил Лазаров кој се одржува во Охрид беа изненадени од посетата на супер ѕвездата на Вардар, Тимур Дибиров.
Рускиот репрезентативец учествуваше во дел од тренинзите, а потоа се дружеше со сите учесници кои не се тргаа од популарното лево крило.
Тој до сега ниту еднаш не бил дел од ваква манифестација, а во Охрид на кампот од најдобриот македонски репрезентативец го скрши мразот.
Фото : Емилио
Мх.П.