Организаторите на иновативен начин презентерајќи ги маратонците на градскиот плоштад „Климент Охридски“ го најавија првото издание на Олимпискиот пливачки маратон на 10 километри.

Охриѓани одблиску имаа можност да се запознаат со маратонците и официјалните лица кои утре (сабота) со почеток во 12 часот ќе ги брануваат водите во езерото.

Првото издание на Олимпискиот пливачки маратон ќе биде во фокусот на ФИНА, бидејќи конкурира за влегување во официјалниот календар за пливање на отворено.

Од клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“, кој го организира маратонот на 10 километри ги покануваат сите охриѓани и гостите да уживаат во прекрасната спортска манифестација.

На стартот ќе се појават вкупно 13 пливачи. Од нив 10 се во машка и 3 во женска конкуренција.

OhridNews