Декларација за изборно достоинство, ќе потпишат учесниците на локалните избори во Охрид.

– Тргнаваме од потребата, Охрид – градот на културата, писменоста и општо цивилизациските вредности, на овој начин, пред домашната и светската јавност, да емитува пораки својствени на неговите славни историски и културолошки традиции, од една, односно политичко однесување, адекватно на вредностите на развиената западна демократија, од друга страна – велат од Социјалдемократската унија (СДУ), која е иницијатор и изготвувач на декларацијата.

Од СДУ информираат дека согласност да се потпише една ваква Декларација имало кај сите учесници на локалните избори. Потпишувањето ќе се случи утре во 11 ч. во х. „Ројал“.

Ohridnews