Учесниците во верижен судар во тунелот покрај Чаији во Тајван, ја прекинале постапката за виновник во несреќата, откако сфатиле дека родендените им се необично подредени. При запишувањето на личните податоци во полицискиот записник, се изненадиле кога ги виделе датумите на раѓање: 06.06, 07.07, 08.08 и 09.09.
„Кога на полицајците им ги покажавме нашите патни исправи, останавме без здив, бидејќи тоа е многу необично“ – рекол еден од учесниците во несреќата.
Возачите се откажале од истрагата бидејќи се убедени дека нивната средба има некое подлабоко значење. За среќа никој не бил повреден.