Млади таленти од Русија, Малта, Франција, Полска, Белорусија, Србија, Бугарија, Словенија, Швајцарија, Израел, Молдавија и Македонија ќе бидат дел од 12-то издание на Меѓународниот арт фестивал и натпревар „Езерски бисери“ кој започнува вечерва во Струга.

Според најавите,  натпреварувачките денови ќе се одржат на 8-ми и 10-ти август во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, во два дела: класика и естрада, кореографија, фолклор.

Во рамки на фестивалската програма на 6-ти август е предвидена „Вечер на славјански песни и танци“, а на 7-ми август ќе се одржи „Вечер на француската култура“. На 9-ти август пак ќе се одржи доделување на награди и концерт на победниците од натпреварот по класична музика пред црквата Св.Богородица во Калишта.

На 11-ти август од во Центарот за култура во Струга ќе се одржи церемонијата на доделување награди во програмата естрада, кореографија, фолклор, а потоа и Гала концертот на кој ќе настапат наградените учесници на фестивалот.

OhridNews