Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

И во оваа пригода го истакнав значењето на овој културен настан за општината и изразив задоволство што делото кое пред четириесетина година го започнаа основоположникот на Ликовната колонија Ѓорѓија Целески и неговите современици денес продолжува да се надоградува. Во изминатите години создадени се бројни дела,културно наследство кое не е само наше,туку со право претставува светско наследство. На годинешните учесници им посакав топло добредојде во Дебрца и инспирација за создавање на нови дела, а на раководството на колонијата уште мноштво изданија, вели Ногачески.

Посочи дека Општината и оваа година финансиски го помогна културниот настан, а тоа ќе го прави и во иднина.

Покрај средбата со градоначалникот Ногачески, организаторот Здружението “Ликовна колонија – Дебрца” за учесниците подготви внимателно одбрана програма, со цел да им ги покаже амбиенталните природни вредности на општина Дебрца, но и на Охрид.

Учесниците беа воодушевени од она што го виделе при посетата на манастирскиот и излетнички комплекс “Свети Наум”, од недопрената природа, како и од разгледувањето на Античкиот театар, катедралната црква “Света Софија”, комплексот Имерет-првиот универзитет мегу словенскиот свет, како и праисториската населба “Заливот на коските”, вели претседателката на Здружението, магистер инжињер – архитект Мартина Целеска.

Тие ќе можат да ги разгледаат Спомен собата на Револуцијата и НОВ во Втората светска војна, во Белчишта, како и сличните во Сливото, Црвена Вода и Годивје.

Годинава, на најстарата ваква манифестација кај нас учествуваат 11 ликовни уметници од земјата и странство.

OhridNews