Триатлон настанот кој ќе го одбележи викендов во Охрид стартуваше со запознавањето на трката од страна на учесниците и дефинирање на финесите од организаторите заедно со Техничкиот делегат.

Учесниците кои доаѓаат од ширум светот возеа со велосипед, пливаа во Охридското езеро и трчаа и ги одработија финалните подготовки пред утрешниот главен настан.

Јуниорскиот европски триатлон куп и Националното првенство ќе стартуваат утре во 8 часот претпладне, a ќе трае до 17 часот.

OhridNews