Познати се четирите екипи, кои на крајов од овој месец во германскиот град Келн ќе се борат за трофејот во кошаркарската Евролига. За тронот во европската кошарка битка ќе водат Барселона, ЦСКА Москва, Анадолу Ефес и Олимпија Милано.
Каталонците во петтиот натпревар, популарен на „мајсторка“ го совладаа Зенит, додека исто после пет одиграни мечеви финалниот билет го заверија Олимпија Милано која беше подобра од Баерн Минхен и Анадолу Ефес кој го реши Реал Мадрид. ЦСКА Москва со чисти 3-0 го совлада составот на Фенербахче.
На завршниот турнир во Келн во полуфиналето ќе се сретнат Барселона – Олимпија Милано односно ЦСКА Москва – Анадолу Ефес. Победниците од полуфиналните пресметки ќе се судрат во финалето.
Неодамна, од Евролигата објавија дека турнирот во Келн ќе се игра без публика.
OhridNews