Учениците кои ќе бидат дел од спортските академии ќе бидат „рамо до рамо“ со останатите ученици и ќе изучуваат иста настава под посебна програма. Часовите ќе ги одржуваат во ОСУ „Ванчо Питошески“, а тренинзите во спортска сала Билјанини Извори и стадионот Атина Бојаџи, за што подобро објаснување во целост ви го пренесуваме сооштението кое стигна до нашата редакција од Марјан Бошалески советник во Бирото за развој во Министерството за Образование.
Во учебната 2014/15 во рамките на Спортската академија „ММБрицо“ – Скопје се формираат дисперзирани паралелки во осум градови во кој влегува и градот Охрид.
За таа цел беше извршена селекција од страна на фудбалската и ракометна федерација за ученици кои живеат во Југозападниот регион на Р.Македонија.
Учениците кои успешно ќе го поминат селектирањетo ќе бидат запишани во ММ Брицо, а ќе изведуваат настава во ОСУ „Ванчо Питошески“ како специјална паралелка за фудбал и ракомет.
Вредно да се напомене е тоа дека учениците запишани ва Спортската академија изведуваат настава по програми изготвени од Бирото за развој на образованието што значи се подеднакво вклучени во образовниот систем.
Учениците кои по било кој оснoв во текот на школувањето: повреда, болест или некоја друга причина неможе или не сака да го продолжи школувањето на академијата, нема никаква законска пречка да го продолжи школувањето во било кое средно училиште во Р.Македонија со полагање на диференцијалните предмети.
Понатаму за Високо образование исто така нема никаква правна забрана за запишување на учениците на било кој од факултетите во Р. Македонија, нормално со задоволување на општите и посебни услови за запишување на Факултетот кој ќе го избере.
Ohridnews