Во ОУТУ „ Ванчо Питошески“ во соработка со Министерството за образование и Министерството за здравство се одржа едукативно предавање на теми од сексуално и репродуктивното здравје.

Предавањето за време на класните часови ги опфати учениците од сите класови од четирите години на образование. Предавачи беа лица ангажирани од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ – Охрид, д-р Даниела Чингоска на темата „Контрацепција“, додека д-р Јованка Стурлакова-Коровешоска го одржа предавањето за „Сексуално преносливи инфекции и ХИВ/СИДА“.

Притоа беше укажано дека во постојан пораст се инфекциите кои се пренесуваат преку сексуален однос, како гонореа, сифилис, ХИВ, кламидија, ХПВ и др. На учениците им беше укажано за пренесувањето – трансмисија, најчести знаци – симптоми, што треба да се направи – третман, како да се заштитат и да се спречи – превенција од сексуано преносливи инфекции. Како препораки и заштита беа изнесени следните заклучоци: Информираност и знаење, советување и посета на лекар, сексуални односи – на време, избегнување на повеќе сексуални партнери, комуникација со партнерот – искреност и доверба, тестирање за СПБ – за една или повеќе инфекции, правилно користење на кондом и превентивни вакцини.

Едукацијата беше изведена со визуелни помагала со што учениците беа вклучени во позиција на активни и интерактивни слушатели. На крајот од работилницата беше извршена евалуација за презентацијата на едукаторите, а на учесниците им беше доделен и едукативен материјал. Учениците и понатаму ќе продолжат да се едуцираат на теми за здраво живеење во рамките на класните часови.

OhridNews