Учениците при Средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид во четврток, на 12 март со почеток во 18:30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе организираат хуманитарна претства. Средствата од продадените карти ќе бидат искористени за купување книги кои се потребни за формирање на училишна библиотека.
За таа цел учениците ќе се претстават со две хумористични драми и тоа: добро познатата драма-комедија „Скржавец“ од Плаут и кратката верзија на „Сомнително лице“.
Подготовките за драмите се под менторство на професорите: Доца Цветкоска, Марија Сарафимоска и Стојан Буџакоски. За костимографијата, аудио и визуелните ефекти се погрижија самите ученици, а сценографијата е под менторство на професорката Доца Цветкоска.
OhridNews