Средношколската младинска организација од ОУТУ „Ванчо Питошески“ во периодот од 9 до 13 февруари организира хуманитарна акција „Од срце за татковината“, за помош на семејствата од поплавените подрачја низ Македонија.
-Вработени во училиштето и учениците кои се во можност донираат: нерасипливи прехрамбени производи, конзервирана храна, училишен прибор, храна за деца, вода, облека, средства за хигиена и парични средства кои ќе бидат донирани на сметките за помош. Собраните средства понатаму спакувани во соодветни картонски кутии ќе бидат доставени до „Црвен крст- Охрид“. Нашите срца се со луѓето. Горди сме што сме Македонци, горди сме на нашите ученици и професори. Покажавме дека имаме големо срце, дека сме училиште на солидарност – центар за пример. Ова е уште еден потег кој е за поздравување, информираат од ова училиште.
Акцијата која е со хуманитарен карактер има за цел да ја поттикне хуманоста кај младите, но и возрасните и преку конкретни дела да се покаже солидарноста и грижата за оние на кои им е најпотребна.
OhridNews