Учениците од ОУ„Св.Климент Охридски“ од Охрид заедно со своите наставнички денеска беа во посета на општина Дебрца.
Учениците ги прими градоначалникот Игор Трајкоски кој им ги објасни надлежностите, поставеноста и начинот на работа на градоначалникот и Локалната самоуправа.
Преку интерактивност децата имаа можност преку прашања да се информираат за она што нив ги интересира во однос на функционирањето на општината и знаменитостите кои ги нуди.
OhridNews