Во текот на вчерашниот ден, учениците од седмо и осмо одделени од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид беа во посета на Културно-информативниот центар „Култура 365“.

Желбата за осознавање нови хоризонти и љубовта кон пишаниот збор се основниот поттик и мотив за нивната наставничка по македонски јазик и литература, Наташа Неданоска за да ги запознае нејзините ученици со активностите на КИЦ „Култура 365“. Со овој гест тие ја покажаа нивната заинтересираност за настаните од културата во Охрид, а за што добија и подарок- книга.“ – велат од КИЦ „Култура 365“.

Оттаму потенцираат дека ваквите ненадејни посети од учениците, значат поголем поттик за работа и воедно пример за останатите наставници.

OhridNews